👁️  194

Советниците во Советот на Град Скопје не ја прифатија иницијативата на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), кучиња и мачки да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“.

Тие сметаат дека во моментов во јавниот превоз нема услови за возење на граѓаните, а не пак за домашни миленици.

Сега во автобусите нема место за граѓаните, секојдневно сме сведоци за гужви во возилата. Мој пријател дома чува мало прленце, за него тоа е миленик, дали тоа значи дека ќе може да го качи во автобус. Колкаво куче ќе може да се качи, дали ќе може и кане корсо да се вози или само мали кучиња. Ако е така нели е тоа дискриминација. Ова прашање мора убаво да се разгледа, да се земат предвид сите околности“, рече советникот Страшо Ангеловски.

Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ му реплицираше дека магаре не се чува во стан, па оттаму не е домашен миленик.

„Во одлуката стои дека миленикот треба да е во транспортер тоа значи дека не може да биде потежок од 15 килограми. Треба да почнеме од некаде, па потоа ќе зборуваме и за поголеми кучиња. Градот вчера распиша оглас за приватните превозници пак да се вклучат во јавниот превоз со што проблемот би се решил“, рече Велковска.

По дискусиите мнозинството советници не ја прифатија иницијативата.