Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија го именуваше Наум Танески за нов селектор на машката кадетска репрезентација.

Танески ја доби довербата од РФМ, а негова десна рака ќе биде Миле Бочкаровски.


Кадетите на почетокот на наредната година (04.01.2024 – 08.01.2024 година) ќе учествуваат на квалификациски турнир на кои активни ќе бидат и репрезентациите на Косово, Швајцарија и Словачка, а најдобрите две ќе обезбедат место на ЕП во Црна Гора.

Инаку турнирот ќе се одржи во спортскиот центар „Автокоманда“. Кога е во прашање оваа наша селекција истата во текот на наредниот месец ( 25ти до 29ти Октомври) ќе настапи на „Трофеј Карпати“ во Романија каде освен домаќинот ќе настапат Египет и Црна Гора.