👁️  215

Денес, понеделник (7.11.2022) во 19 ч. во Свечената сала КИЦ Битола (Офицерски дом).

Ги покануваме граѓаните, верниците и секој заинтересиран на научно-истражувачки настан “Св. Праведен Јоаким Крчовски-живот и прослава” на кој предавачи ќе бидат Игумен Серафим и сестринството на Слепченскиот манастир.

За потеклото, животот и значењето како прв просветител и преродбеник на македонскиот јазик, неговата поврзаност со трите Македонии (Егејска, Пиринска и денешна Македонија).

Ќе бидат претставени најновите истражувања во врска со големината на култната личност на Св. Јоаким Крчовски.

Настанот е од научен карактер преку што ќе се прикаже (со стари документи, видео записи, книги и печатен материјал) за големината на нашиот македонски идентитет, јазикот, историјата, а најважно нашата вера.
Настанот е во организација на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Битола и ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.