👁️  61

Институцијата народен правобранител ќе поведе постапка за случајот со 17-годишно момче со аутизам, за кое претходно во медиумите беше објавено дека било врзувано и со рани по телото во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Васка Бајрамовска Мустафа, државниот советник на Народниот правобранител изјави дека случајот ќе го отворат самоиницијативно и ќе ги преземат сите мерки за негово расветлување.

„Бараме од надлежните органи да вршат надзор над работата на институциите и секако да побараат соодветни информации за сознанијата изнесени до родителите преку медиумите за начинот на кој се однесувало со детето додека било сместено“, рече Бајрамовска.

Претходно денес и Државниот санитарен и здрвствен инспекторат најави дека ќе изврши надзор во психијатриската болница „Демир Хисар“.

Министерот за здравство Фатмир Меџити и Директорката на болницат вчера кажаа дека детето со аутизам, било лекувано согласно протоколите и било врзувано само кога било опасно за себе и за другите.