👁️  873

И по три дена од суровата ликвидација на двајцата нарко босови Жила и Лаци во Шиша бар, во близина на Кале напаѓачите се уште не се идентификувани, неофицијално дознава Сител. Со тоа, полицијата не може да распише и потерница со цел да го спречи излезот на убијците надвор од државата.

Официјално од МВР пак, велат дека не даваат никакви информации за случајот бидејќи тој веќе е во рацете на Обвинителството и се што прави полицијата е по негов налог како дел од истрагата.

Обвинителот Бубевски пак, вчера посочи дека се уште ги прибираат доказите и ги разгледуваат снимките од безбедносните камери, а се сослушуваат и сведоци меѓу кои и повреденниот од настанот. Но за детали околу откривањето на сторителите упати на МВР.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска обивинува дека во случајот е пример, како што вели, дека тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот.

„Инаку на 300 метри од центарот на Скопје да се случи едно вакво убиство, многу прецизно луѓе со автоматски пушки да си шетаат и тоа не 1 туку 4, на 300 метра ќе повторам од центарот на главниот град, нити во најлошите и нај би рекол кинематографии не можете да го сретнете, но ете за жал големина очевидци тој ден, во тој локал или во околината видоа како се врши брутална егзекуција на луѓе на 300 метра од центарот на главниот град во Скопје. Тоа е причина само поради тоа што немаме јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него. За жал кај нас тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот“, истакна Мицкоски.

Двајцата нарко босови во понеделникот вечерта беа стрелани со автоматски пушки од 5-мина униформирани лица со фонатомки на главите во Шиша бар. До таму дошле со ауди A6, кое веднаш по настанот беше најдено запалено на патот кон граничниот премин Блаце. Напаѓачите во барот веднаш ги таргетирале двајцата нарко босови во мониторинг собата на локалот.

Според информациите Жила и Лаци биле главни во криминална група од Грчец, додека за напаѓачите се зборува дека си нивни ривали од бандата „Беланоца“ од Ченто и Арачиново.