Нападнат вработен во Амбасадата на Израел во Пекинг

Вработен во израелската амбасада во Пекинг денеска бил нападнат, по што бил хоспитализиран.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Израел, а Кина се уште не се огласила.

Не е познато што го поттикнало нападот, иако тој следеше по критиките на Израел за одговорот на Кина на нападот на Хамас.