👁️  33

На денешната седница на Собранието на Ракометната федерација на Македонија беше донесена одлука предлогот да се намали бројот на клубовите во Супер лигата да разгледува во текот на следната година.

Претседателот на Федерацијата, Живко Мукаетов даде предлог конечното решение да се донесе по консултации меѓу Управниот одбор и Конференцијата на клубовите.

“Целта е да се концентрира квалитетот на едно место, да создадеме квалитетен проект што би станал интересен и за ТВ-правата за регионалните спортски канали. Веруваме дека ова е вистински начин за ракометот да продолжува да се развива како спорт број 1 во државата”, рече Мукаетов.

За машката лига беше предложено е лигата од 16 да се намали на осум, но во текот на седницата имаше и нови предлози според кои во елитното натпреварување во земјава да партиципираат 10 или 12 екипи.

На Собранието сите страни се согласија дека најавената измена на системот на натпреварување ќе важи од сезоната 2024/2025.