Моментот за кој сонував уште како мало девојче, дека ќе се свршам со мојата сродна душа, со мојот најдобар пријател и со љубовта на мојот живот…“, напиша Ирена Србиновска на Инстаграм, а сподели и дека е навистина под стрес околу организацијата на свадбата.

Таа е природна, скромна, работи како медицинска сестра, потекнува од Битола, а живее во Мелбурн…

Ирена Србиновска победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на „најпосакуваниот ерген“ Локи Гилберт, кој од сите девојки ја избра токму неа за своја партнерка.

Оттогаш парот ужива во љубовта и во авантурите патувајќи низ Австралија.

Наскоро тие ќе ја крунисаат својата врска со брак, по уникатното запросување кое Локи ѝ го приреди на Ирена на водопади во јуни.


Ирена тогаш на својот Инстаграм објави:

„Моментот за кој сонував уште како мало девојче, дека ќе се свршам со мојата сродна душа, со мојот најдобар пријател и со љубовта на мојот живот.Водопадите се специјални за нас, нашето прво патување заедно беше на водопади и првата фотографија на моите родители како пар е направена под водопади. Па, не ни можев да си замислам посовршено запросување… Толку е природно и толку личи на нас“.

По запросувањето Ирена на Инстаграм откри дека започнала планирање на свадбата:

„Мислам дека сите сонуваме како ќе изгледа нашата свадба уште од најмала возраст и кога ќе дојде време навистина да ја планираме некако сме преоптоварени.

Имам милион работи да направам и немам идеја од каде да започнам, ќе имам планер на свадбата, но немам избрано фотки како инспирација. Дали и другите се вака под стрес кога станува збор за нивната свадба?“