👁️  1930

Еден од двајцата осомничени за масовното прободување со нож низ Саскачеван (Канада), Демиен Сандерсон е пронајден мртов, соопшти полицијата на прес-конференција, пренесе Си-Ен-Ен.

Неговиот брат Мајлс – другиот осомничен за убодите – се уште е во бегство. Полицијата се сомнева дека тој се здобил со повреди и можеби ќе му треба лекарска помош.

Демиен и Мајлс Сандерсон се осомничени за убиство на 10 луѓе со нож во абориџинската заедница и блискиот град во канадската провинција Саскачеван во неделата.

Властите објавија дека некои од жртвите биле намерно нападнати, а други биле избрани по случаен избор во серија напади во провинцијата Саскачеван, пренесе АП.

Мотивот за нападите, во кои беа повредени 18 лица, се уште не е познат, иако некои водачи на домородните заедници сугерираат дека нападите можеби се поврзани со дрога.