👁️  943

Седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ на која директорот Виктор Димовски даваше отчет за државјанството на Украинецот Олександр Онишченко најверојатно ќе биде прекината и одложена, бидејќи нејзиниот почеток по грешка одел во живо со аудио на Јутјуб каналот на Собранието.

Седницата по барање на Димовски беше затворена за јавност поради, како што рече, класифицираноста на информациите кои ќе ги изнесе.

Пратеникот Павле Трајанов на пленарната седница која беше во продолжение побара од претседателот Талат Џафери да обезбеди услови за работа на Комисијата, а не затворена седница да оди во живо.

Џафери му се налути на Трајанов бидејќи јавно на говорница изнел ваква информација и нареди седницата на Комисијата да биде прекината за да се испита како се случил пропустот.