👁️  9077

Екипите на ЕВН, како што беше договорено, од денeс започнуваат непречено да работат во Арачиново со цел да се превземат соодветните мерки за мржата да може да функционира согласно сите правила и да се плаќа електричата енергија.

Информацијата ја потврди градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, за ТВ21 потврди дека присутни се екипи на ЕВН во скопското село и дека се работи на санирање на дефектот.

Од денеска сите струјомери ќе бидат поставени надвор, според планот на ЕВН и коордитивно тело во согласност со жителите.

Арачиново неколку дена беше без електрична енергија поради оптовареноста на мрежата предизвикана од крадење на електрична енергија, додека од ЕВН известија дека нема да интервенираат бидејќи не постојат бебзедносни услови да го направат тоа.

Министерот за економија Крешник Бектеши утринава во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека од 100 милиони евра платени преку сметките од страна на граѓаните „за загуби“ потрошени се 100 милиони евра, од кои 6 милиони евра се евидентирани како кражба на електрична енергија во Арачиново.

Бектеши најави дека Општина Арачиново во иднина ќе биде пример на совесно плаќање, додека Владата донела одлука да изгради ободен канал од 1,1 милиони евра на ова место затоа што „ќе продолжи да им помага на дискриминираните општини“.