
Најмалку 72 лица го загубија животот во поплави и лизгање на земјиштето оваа недела предизвикани од монсунските дождови во индискиот регион на Хималаите.
Спасувачите во планинската држава Химачал Прадеш работат во многу тешки услови за да ги спасат луѓето заробени под кал и земја по обилните дождови изминатиот викенд.
Метеоролозите најавија дека врнежите ќе продолжат и во наредните денови.