Најмалку 23 војници се водат за исчезнати по силните поплави што ја зафатија долината на Хималаите, во североисточна Индија, соопшти индиската армија. Овој далечен планински венец на Хималаите се наоѓа во близина на границата на Индија со Непал. Езерото Лонак се наоѓа во подножјето на глечерот во близина на Кангченџунга, третиот највисок врв во светот.
Поради низводната брана која претходно испушти вода, нивото на реката Тиста е за 4,5 метри повисоко од нормалното. На видео снимка објавена од портпарол на индиската армија се гледа како надојдениот кафен порој се влева во долината обрасната со шума, преминува преку патишта и носи далноводи на својот пат.
Поплавите и свлечиштата се релативно честа појава во Индија и предизвикуваат многу штети, особено за време на сезоната на монсуни, што трае од јуни до септември. Но, до октомври поголемиот дел од монсуните обично завршува. Експертите велат дека климатските промени ги прават овие катастрофи почести и поголеми.
Топењето на глечерите, исто така, го зголемува нивото на реките, а нерегулираната градба во областите подложни на поплави создава дополнителна штета. Хималајските глечери се топат побрзо од кога било поради климатските промени, изложувајќи ги жителите на непредвидливи катастрофи.