👁️  19

Во овие топли денови, важно е секоја домаќинка да поминува што помалку време во кујната, а во исто време да подготви јадење или десерт со врвен квалитет за своето домаќинство или гостите. Овој рецепт е идеален за такви дами

Рецепт за торта/колач со само четири состојки, без кора, без печење, всушност без употреба на шпорет, рерна, рингла, па дури ни миксер.

Колачот од малини со пишкоти и крем ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите љубители на десерти.

Состојки:

300 гр замрзнати малини

400 гр кисела павлака

500 гр пишкоти

5 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Оставете ги малините да се одмрзнат до половина, павлаката измешајте ја со шеќерот во прав.

Наредете ги пишкотите (по желба можете претходно да ги натопите во млеко), врз нив премачкајте ја павлаката со шеќерот, а потоа наредете ги малините.

Врз нив наредете нов ред пишкоти, па повторно павлака со шеќер во прав и малини. Редете така додека не ги потрошите состојките.

По желба одозгора може да се изренда и малку чоколадо.

Оставете го колачот во фрижидер да се излади по желба. Послужете со кафе.