👁️  362

Најголем избор на чешми од брендот Ferro, туш батерии и голем асортиман на производи за централно греење и климатизација од сега можете да најдете во строгиот центар на Битола, на Ат Пазар, на улица “Прилепска“ број 4, каде компанијата “Еко Тек“ отвори нова продавница.

Нашата цел е да бидеме поблиску до потрошувачите и да им понудиме најквалитетни производи и брза и ефикасна услуга соодветно на нивните потреби и тоа по најповолни цени.

Вршиме продажба и монтажа на централно греење и  климатизација, топлински пумпи, клима уреди, електрични котли, котли на цврсто гориво, соларни системи, водовод, одвод, чешми и туш батерии.

Сето тоа сега потрошувачите можат да го најдат во нашата нова продавница на “Ат пазар“ во близината на Старата чаршија во Битола, велат од ,,Еко Тек“.

Производите кои ги нуди ,,Еко Тек“ се од брендот “Ferro“, кој е надалеку познат по својот квалитет, како и по современиот и модерен дизајн.

Инаку, “Еко Тек“ е битолска компанија препознатлива по ефикасната услуга и квалитетните производи кои ги нуди, а кои веќе ги користат голем број домаќинства и фирми во Битола и регионот.