Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман изјави дека играчот од средниот ред Илкај Гундоган ќе остане капитен на националниот тим, без оглед на евентуалното враќање на Мануел Ноер.

– Илкај ќе остане капитен. Важно е да имаме континуитет, го цитира „Билд“ Нагелсман.

Од 2016 година капитен на репрезентацијата беше голманот на Баерн, Мануел Ноер. Триесет и седумгодишниот голман поради повреда нема играно од минатата година.