
Тони Надал беше составен дел од огромен дел од успесите кои ги оствари неговиот внук Рафаел Надал, но тој беше првиот кој ја „намириса“ опасноста и кој уште во далечната 2007-ма година најави дека Новак Ѓоковиќ ќе биде ривалот кој ќе треба да се победи.
15 години подоцна, српскиот тенисер е рекордер по бројот на освоени грен слем титули и во неделата во Њујорк стигна до 24-от трофеј, по што чичкото на Рафа призна дека се оди во прилог на Ноле кога е во прашање дебатата „најголем играч на сите времиња“.
– Новак Ѓоковиќ е голем шампион и ќе биде тешко да се достигне некогаш. Нема да биде тешко само за мојот внук, ќе биде тешко за било кој друг играч кој ќе дојде.
– Ѓоковиќ најверојатно е најголем играч на сите времиња. Тешко е да се одреди кој е најдобар во историјата, но ако мора да бирате, тогаш треба да се одлучите за Ѓоковиќ.
– Сите бројки одат во негова корист. Иако лично мислам дека Федерер повремено успеваше да достигне повисоко ниво на тенис од Новак, ако гледаме само по бројките, тогаш Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, – признава Тони Надал.