👁️  481

Славниот шпански тенисер Рафаел Надал наводно бил во тајна врска со познатата пејачка Шакира.

Познатиот шпански папарацо новинар Жорди Мартин открил дека пејачката и тенисерот имале љубовна афера во 2009 година, кога се запознале на снимањето на спотот на песната на Шакира, хитот „Gypsy“.

Надал беше главен актер во спотот, а заедно снимиле неколку интимни сцени кои веројатно ги „распалиле искрите“ помеѓу нив.

Како што пренесува италијанскиот весник „Corriere della Sera“, Жорди открил дека имале интензивна љубовна врска по снимањето на спотот за песната.

Интересно, во тоа време кружеа гласини дека Шакира е во врска со шпанскиот пејач Алехандро Санза. Од друга страна, Надал веќе беше во љубовна врска со својата сегашна сопруга Чиска која ја запознал во 2005 година.

Посебно интересно е што Шакира го запознала својот поранешен партнер Пике на снимањето на спотот за песната „Waka Waka“ која беше химна на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година. Само неколку месеци по наводната романса со Надал, таа започна да се забавува со Пике, а и двајцата заедно ги посетуваа тениските натпревари на кои играше Рафаел.