Европската куќа на ракометот ги објави судиите кои што ќе бидат дел од претстојниот шампионат во јануари следната година.

Очекувано, на списокот на арбитри се најдоа и нашите најдобри судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои подолго време се при самиот врв кога во прашање е квалитетното судење.