👁️  236

Викендов ракометна Македонија ќе го следи дербито кое ќе ја одлучи титулата во Суперлигата помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Иако вардарци убедливо славеа во првиот натпревар, потоа си дозволија пораз од Алкалоид, па така повторно се израмнети со битолчани и во „Боро Чурлевски“ в сабота во Битола ќе се игра директната пресметка за титулата во шампионатот,

Ракометната федерација на Македонија ги потврди и официјалните лица за мечот. За разлика од првото „вечно дерби“ во Скопје, кое го судеше дуото Митревски-Тодоровски, сега на центарот ќе застанат најдобрите мак-судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Дербито за титулата во Битола е на програмата в сабота во 19:00 часот.