Собранието на Ракометната федерација (РФМ) одлучи да ги награди судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, за нивната арбитража во финалето на Светското првенство во Полска о Шведска.
Македонските судии ја имаа огромната чест да ја делат правдата во едно финале на ракометен Мундијал, а претседателот на федерацијата, Живко Мукаетов, предложи двајцата да бидат наградени со по 1.000 евра.
Делегатите на собранието гласаа и ја потврдија одлуката на претседателот. Македонија имаше свои претставници во финалето на Светското првенство, а Начевски и Николов добија одлични оценки за начинот на кој го „судеа“ натпреварот за светската титула.