👁️  1069

Последните денови од албанските парии во Македонија се актуализираат и интезивираат барањета за промена на член 7 од Уставот на РМ каде е регулирана употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик во РМ и употребата на јазикот и писмото на националностите во службена употреба покрај македонскиот јазик од 20 % во единиците на локална самоуправа во кои како мнозиство живеат припадниците на националностите.

Барањата се да тие 20% да се укинат и албанскиот јазик да биде службен во употреба како и македонскиот јазик на целикупна територија на РМ. Ваквото регулирање на употребата на македонскиот јазик и кирилиското писмо и употребата на јазикот и писмото на националностите во македонскиот устав е направено со носењето на Рамковниот Охридски договор од 2001 год. после воениот конфликт. Со носењето и потпишувањето на тој предавнички договор од тогашните македонски политичари и албанските преставници а под покровителство на мегународнита заедница се направи најголемото предаство на македонскиот народ и држава во поновата историја на РМ.

Со тој договор македонската држава стана нефункционална држава во секој поглед, од причина што нити еден закон во македонското собрание македонските преатеници неможат да го донесат а притоа да не се согласат пратениците од албанската националност, тоа е бадентировиот принцип. Со тој договр македоската држава се обврза да во сите државни органи се вработат и постават на функции 25 % албанци. Тоа и не баш страшно бидејќи албанците како и останатите се граѓани и државјани на Македонија, страшно е тоа што тоа се злоупотреби, се вработуваа и поставува на функции некои албанци со несоодветни образованија, образованија стекнати на сомнителни образовни институции како од РМ така и во Албанија, Косово и други места, се поставуваа неискусни и нестручни функционери кои ја уназедуваа целокупната администрација, а за возврат стручни македонски кадри се маргинализираа, се менуваа и отпуштаа од работа и сл.

Рамковниот договор предизвика и други предаства како амнестија на тогашните терористи од АНА, амнестија на 4 предмети вратени од Хашкиот суд, носењето на Законот за територјална локална самоуправа со кои вештачки огромни села со албанско население се приклучија на градовите Струга, Кичево и др. каде како мнозиство живееја македонци при што потоа станаа мнозиски албански градови како тие велат стана плен на албнците, таму сега се избиаат градоначалници албанци а кои пак како тие кажуваат да работат за алабанските интерси.

Покасно се донесе таканаречениот Закон за употреба на јазици а всушност се работи за закон за употреба на албанскиот јазик на целокупна територијана РМ и онаму каде не живее нити еден албанец. Свежи се сеќавањата кога Бујар Османи шеташе низ Македонија и гледаше дали таблите на државните органи се двојазични или не и се закануваше да раководителите кои тоа не го сториле ќе ги казнел. Тој закон е против уставен и лесно може да биде поништен од Уставниот суд на РМ и токму тоа го знаат албанските партии и сега инсистираат да членот од македонскиот устав се промени и се избиши процентот од 20% за користење на јазикот на националностите во конкретниот случај албанскиот јазик.

Дококу тоа се направи македонската држава ќе стане бинационална држава со два народи а тоа е менување на унитарна држава и претворање во сложена држава и ќе преставува федерација, конфедерација и сл. а кое пак ќе доведе до уште понефункционална држава со тенденција на распад на македонската држава. Само за потсетување да македонската држава е направена во НОБ во која загинана оклу 50000 македонци и по некој од другите националности од кои 25 илјади загинана на денешната територија на РМ а останатите во Егејска, Пирински Македонија и во делови од Албанија. Така да РМ не е поклонета држава на македонскиот народ.

За потсетување да во тоа време албанците биле со балистите а кои пак биле сојузници со италјанските фашистички окупатори и се бореле против македонските партизани и како бугарските фашистички окупатори убиле голем број на македонски патриоти. Воедно потсетувам да албанската нациналност во РМ 1990 год. по барање на челниците на нивните партии не гласаше на референдумот за осамостојување на РМ, а перманентно пред странските емисари бараше некакви човекови права со кои барања ги кочеше евроатланските процеси на РМ.

Во поново време албанскате партии не го подржаа мнозистовото македонски народ кој беше против предавничките договри со Грција и Бугарија што предизвика незадоволство кај македонците. Сограѓаните албанци се малцинска заедница а тоа е регулирано со меѓународното право и неможат да бидат државотворен народ, а истовремено во клучните моменти треба да ги подржат македонците бидејќи заедно живееме во РМ. Според предходното не би сакал да се сфати да имам нешто против албанците во РМ, јас имам огромен борој на пријатели, колеги албанци, исклучително ги респктирам експертите и стручњаците по одредени области, но мене и на мнозиството македонци очигледено ни смета тоа што албанските политичари исклучително работат за албанските интереси во РМ а не и за интересите на останатите граѓани, бадентеровиот принцип го користат само кога е во нивни интерес но не и во интерес каде македонците се малцинство, потоа истите забораваат да во Македонија живеат и останати националности како турци срби и др.

Сите ние немаме против да председател на држава, премиер на влада и сл биде албанец но кога тој ќе работи за македонските интереси и за македонските граѓани а не како некои министри албанци кои не учествувуваа на меѓународни конференции затоа што не биле присутни косовски министри. За македонската држава да биде функционална како и останатите држави час порано треба да се укине Рамковниот Охридски договор, македонскиот јазик да биде едиствен службен јазик во употреба во државните органи а јазикот на националностите службен во локалната самоуправа, вработувањата, унапредувањата во службите да биде согласно критериумите содветно образование, работно искуство, докажаност во работата, чесност, афторитетност и сл. Онај македонец политичар кој ќе го смени македонскиот устав и го укине процентот од 20% за употреба на јзикот на националностите ќе се запише како предвник на својот род и со тоа ќе го отпочне распадот на РМ.

Истовремено за влез на новото измислено малцинство на бугари во РМ во преамбулата на македонскиот устав услов треба да биде меѓународниот принцип Реципроцитет а тоа е влез на македонското малцинство во бугарскуиот устав и спроведување на 16 те пресуди донесени од меѓународниот суд за човекови права во Стразбург за македонското малцинство тамо. Само со таквото барање македонската опозиција ќе успее да се спротистави на притисоците на меѓународната заедница и домашните вазали.

Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Претседател на невладината организација “ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.

26.10.2022 год.