Александар Динев за време на едно возење со автобус кон Скопје при извршување на некои од своите работни обврски посведочил на навистина непријатна и некултурна сцена.
Тој сними видео од сцената и на Инстаграм Стори напиша:
„Немав намера ова да го објавам, но толку ми стана непријатно затоа што до мене седеше човек кој што имаше попреченост со видот и му создаваа голем стрес затоа што се караат позади него.
Само сакав да споделам дека колку и да си возрасен, доколку немаш здрав разум секогаш ќе паднеш во вакво ниво на вулгарност.
Ако овие две возрасни жени имаа барем малку самоконтрола и човечност, не би постапувале вака, особено со мали деца и луѓе со попреченост.“
Пренесува Црно Бело.