Актуелниот европски и англиски шампион Манчестер Сити испратил специјален план за исхрана на фудбалер кој сѐ уште не е во клубот и кого сакаат да го доведат на „Итихад“ во текот на зимскиот преоден рок.
И покрај освојувањето на Лигата на шампионите, тимот на Пеп Гуардиола претрпе вистински ремонт во текот на летото и тоа е единствениот правилен пат за тимовите што сакаат да повторат големи успеси во Европа. Заминаа Ѓундоан, Махрез, Лапорт, Палмер и Канселу, а пристигнаа Ковачиќ, Гвардиол, Доку и Нунеш.
Но, „Граѓаните“ не застанувата тука, па му фрлија око на еден од најдобрите играчи на Бока Жуниорс, Валентин Барко.
Младиот 19-годишен Барко игра на позицијата лев бек, а Пеп нема такви играчи во клубот. Единствениот играч на кој лев бек му е природна позиција во клубот е Серхио Гомес, но младиот Барко веќе е носител на играта во аргентинскиот гигант и од него имаат големи очекувања на „Итихад“.
Според пишувањата на светските медиуми и букмејкерите, Манчестер Сити е најголемиот фаворит за доведување на Барко. Аргентинците наведуваат дека младиот фудбалер треба да го засили Сити во текот на зимата.
Но, новинарот Мартин Либерман откри многу интересни детали кои потврдуваат колку педантно пристапуваат на секоја работа во Манчестер Сити. Имено, „Граѓаните“ наводно веќе испратиле специјален план за исхрана на Барко со цел тој да достигне задоволителна тежина пред преселбата во Манчестер во текот на зимата.
🚨💣 Valentin Barco va jouer pour @ManCity, Pep Guardiola et Manchester City ont l’intention de recruter l’arrière gauche d’ici fin décembre/début janvier 2024.
[via @libermanmartin] pic.twitter.com/qzpb2ro9yT
— Blue Moon (@FRBlueMoon) September 25, 2023
„Презедоа големи мерки младиот фудбалер да се поправи. Испратија посебен план за исхрана за младиот фудбалер со 64 килограми прво да достигне 70, а потоа и 74 килограми, што Сити ја процени како идеална тежина за млад лев бек“, вели Либерман.
Од свои 10 години е дел од младинските категории на Бока Жуниорс. Во 2021 година дебитираше за првиот тим, а сезонава е стандарден играч со 20 настапи во сите натпреварувања и 3 гола, од кои по еден во лигата, Копа Либертадорес и аргентинскиот куп. Засега има настапи само за младинските репрезентации на Аргентина.