👁️  740

Новиот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски Штраус студирал цели 18 години на Машинскиот факултет во Скопје, објави Ексрепс.мк.

Порталот се повикува на извори во Деканатот на Машинскиот факултет во Скопје, според кои наводно Трајковски се запишал на факултетот во 2001 година, а студирал до 2018 година.

Според податоците што ги објави Владата, Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки.

Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот, пишува во соопштението од владата.

Дали Трајковски во меѓувреме го променил факулететот, а службите неажурно си ја вршеле работата, дали Трајковски истовремено бил запишан на два факултета, што е незаконски, или пак се работи за друг човек со истото име и презиме, оскудните информации од Владата за првиот човек на ДПИ оставаат простор за шпекулирање.

Трајковски доаѓа од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.