31 август — 243-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (244-и во престапна година). Остануваат 122 денови до крајот на годината.

Настани:

1942 Втора светска војна:

Започна Битката кај Алам ел-Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ервин Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот Канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по Битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.

1957 Федерацијата на Малезија се здоби со независност.

1962 Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.

1983 Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.

1992 Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.

Родени:

1919 Амрита Притам — индиска писателка.

1928 Џејмс Кобурн — американски глумец.

1937 Васко Ташковски — македонски сликар.

1945 Ван Морисон — северноирски рок-музичар.

1949 Ричард Гир — американски глумец.

1955 Едвин Мозес — американски атлетичар.

1970 Никола Груевски — премиер на Македонија.

1975 Сара Рамирез — мексичко-американска глумица.

1984 Мати Брешел — дански велосипедист.


1984 Тед Лигети — американски скијач.

1988 Давид Оспина — колумбиски фудбалски голман.

1989 Салваторе Пучо — италијански велосипедист.

1991 Морено Хофланд — холандски велосипедист.

1993 Пабло Мари — шпански фудбалер.

1997 Дика Мем — француски ракометар.

Починале:

577 Јован III Схоластик — цариградски патријарх.

1795 Франсоа-Андре Даникан Филидор — француски шахист.

1867 Шарл Бодлер — француски поет.

1930 Владан Ѓорѓевиќ — српски лекар.

1941 Марина Цветаева — руска поетеса.

1963 Жорж Брак — француски сликар.

1973 Џон Форд — американски филмски режисер.

1983 Сашка Петковска – Липша — македонска пејачка на поп-музика.

1986 Хенри Мур — британски вајар.

1997 Дијана — Принцеза од Велс.

2002 Лајонел Хемптон — американски џез-музичар