👁️  5

На 8 август 1943 година е родена Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки.

Во 2013 г. ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првите младешки музички успеси стана светски прифатена и призната.

Таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Почина на 11 декември 2016 година, во Скопје.