Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром долго време беше мирен, неактивен на пазарот за да во кратко време ги реши најважните прашања, состави тим за натпреварувачката 2023/2024.
Клубот од Аеродром одново ќе има највисоки амбиции на домашната сцена, а ќе проба и да се врати во елитната АБА лига. За успшени резултати треба да се погрижи тренерот Васко Атанасов и неговите соработници кои веќе знаат со кои играчи ќе располагаат.
Најновата тројка која стави потписи на договорот со „штрковите“ се нашите репрезентативци Бојан Крстевски, Дамјан Робев и Љубомир Младеновски. Крстевски и Робер и во изминатиов период беа дел од МЗТ што значи дека ја продолжија соработката, додека пак за Младеновски ова е кам-бек во составот од „Јане Сандански“.
Дресот на МЗТ ќе го носат браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоновски како и новите засилувања Марин Петков, Марко Миловановиќ, Душан Танасковиќ, Марко Баковиќ, Седрик Расел и Ејасу Ворку.
Дел од екипата ќе бидат и неколкумина талентирани млади кошаркари предводени од Бојан Величковски.