👁️  47

Еден од најконтроверзните тренери на денешницата, Жозе Мурињо, често поради „краткиот фитиљ“ се наоѓа на мета на судиите. Така беше и во дуелот на Рома со Монца, во кој португалскиот стратег доби црвен картон.

Мурињо со непримерни гестикулации кон клупата на Монца си заработи исклучување од натпреварот, а сега дојде и одлуката на дисциплинската комисија. Португалецот е суспендиран на еден натпревар, што може да биде голем удар за „волчицата“

В недела Рома му гостува на Интер, поранешниот клуб на Мурињо кој е меѓу главните фаворити за скудетото. Покрај него, суспензија поради задоцнето враќање на клупата од соблекувална на полувремето доби и Нуно Сантош, првиот асистент на Мурињо. Поради тоа, непознато е кој ќе ја води Рома од клупата на „Џузепе Меаца“ в недела од 18:00 часот.