👁️  26

Во случајот Онкологија не станува збор само за финансиски криминал, за кој сме пишувале и пред 20 години. Туку пострашното е дека од воведувањето на скапата биолошка терапија од 2019 година, каде што една ампула за било кој вид на карцином чини од 2.000 до 4.000 евра, дел од пациентите примале и обичен физиолошки раствор, за што веќе објавивме во последниот број на неделникот „Фокус“, за да можат овие скапи лекови да се продаваат на црниот пазар во Косово – пишува новинарката Ирена Мулачка во својот фејсбук статус.

Мулачка веќе подолго време пишува за криминалот со терапијата за болните со рак. Во својата објава на социјалната мрежа наведува:

Најстрашното Е Со Што Биле Лекувани Најтешко Болните Пациенти И Дали Воопшто Ја Примиле Неопходната Терапија, Која Барем На Некој Начин Ќе Им Помогне И Е Последна Надеж За Спас Од Подмолната Болест… Факт Е Дека Позадината Се Парите, Но Пациенти Умирале За Некој Да Запечали, Затоа Што Наместо Скапиот Лек Да Биде Даден На Нив Бил Продаван, А Тие Примале Сосема Други Терапии, Меѓу Кои И Обичен Физиолошки Раствор. Е, Тоа Е Најморбидното И Болното. Станува Збор За Онколошко Злосторничко Здружение…