👁️  19

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски во утринската емисија на Алфа телевизија нагласи дека власта потфрли и оваа учебна година, не обезбеди учебници навреме за учениците.

„Учениците за жал се уште ги немаат добиено сите учебници. Дополнително во оваа фаза на децентрализација се уште обврската за инфраструктурно вложување лежи кај централната власт. Ние сме една од тие општини каде што има постојано голем број на запишани првачиња. Што не е ист принцип низ целата држава. За жал, тоа е жална состојба и лоша за демографската слика на државата. Но, веќе од позиција на локална власт таму каде што можеме да влијаеме, кажуваме дека има потреба од дополнителни вложувања во образовната инфраструктура. А, тоа не го гледаме од страна на централната власт. Нема соодветна приоритизација каде се вложува во делот на образованата инфраструктура“, рече Муцунски.

Муцунски рече дека најжалното според него е што Општина Аеродром понуди да го преземе тој товар иако нема обврска. Општина Аеродром подготви проекти за реконструкција и проширување на капацитетот на две основни училишта. Дури Општина Аеродром беше подготвена со општинска обврзница да го направи проширувањето на двете основни училишта.

„За жал Владата, не знам од која причина не дозволува Општина Аеродром да го направи со свои средства тоа што таа има обврска да го прави, но не го прави“, истакна Муцунски.

„Од власта гледаме дека има фокус најчесто на дневно политиканство, на теми кои што не го менуваат животот на граѓаните кон подобро. А, на крајот на денот кога функционираме во политиката целта е за тие луѓе кои што не избрале да направиме со тие ресурси кои што ги имаме максимум што можеме. Тој фокус го гледаме од локалната власт, но жално е што централната власт го нема тој фокус. Но, верувам по одржувањето на парламентарните избори и тие работи ќе се сменат во Македонија“, порача градоначалникот на општина Аеродром.