МУАРЕМИ: Не е точно дека се протестира во М-НАВ да не се вработат Албанци, туку за да не бидат вработени партиски полтрони од ДУИ

Не е точно дека се протестира да не се вработат Албанци, туку се протестира да не се вработат партиски полтрони од ДУИ, вели Умејр Муамеди во реакцијата во врска со тепањето во Кулата на контролори на М-НАВ, што се случи вчера.

– Прво: И напаѓачите и дел од нападнатите како и организаторите се Албанци. Второ: ДУИ не е етникум, ДУИ е политичка партија (де јуре), да се обвини етникум (Албанците во случајот) поради примитивизмот на една партија е албанофобија. Дали некој Албанец ќе го осуди или не тоа е слободна волја на секого, но логично е дека не е точно дека се протестира да не се вработат Албанци, туку се протестира да не се вработат партиски полтрони од ДУИ. Трето: Во Македонија има и Албанци кои не се од ДУИ, а такви се над 70% и таквите се најдискриминирани во државава, вели правникот Муамеди во објавата на Фејсбук.