👁️  12

Вработените на гробиштата во Сарагоса забележале дека жената (90) која ја подготвувале за погреб дише и има слаб пулс!

Старицата, која лекарите по грешка ја прогласиле за мртва, итно била пренесена во болница, но таму починала само еден ден подоцна.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта.

Семејството поднесе тужба бидејќи се сомнева дека старицата починала бидејќи отишла во погребално претпријатие каде не била под надзор на лекар.

– Истражниот судија покрена истрага во Сарагоса за да открие дали имало невнимание или лошо однесување од страна на лекарот – соопштија од полицијата.

Семејството на една постара жена од Еквадор, да потсетиме, исто така неодамна беше шокирано кога неколку часа пред погребот открија дека таа е сè уште жива.