👁️  103

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринските температури ќе се движат од -6 до -15 степени, а дневните ќе достигнат максимални 7 степени.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе биде три степени.

За утре метеоролозите најавуваат претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Ќе продолжи периодот на стабилно и студено време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег ќе има во недела.