👁️  12

СДС се фали со економски резултат кој што е најнизок во регионот. ММФ потврди дека И Косово и Албанија и Црна Гора се пред Македонија, и нивните економии се подобри и за 50% во однос на растот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија согласно последните проекции ќе има и понизок раст на ДДВ од сите земји во Западен Балкан, а во исто време граѓаните ќе ги осиромашува и високата инфлација која исто така е една најголемите во Европа. Впрочем за тоа говори и признанието на Битиќи кој кажа дека храната и основните производи во Македонија се поскапени за 46%, додека во Европа пораснале само за 11 %. Ова е уште еден доказ дека кај нас стандардот паѓа 4 пати побрзо отколку во останатите држави.

Дека состојбите не се подобруваат како што сака владата да ги престави покажува и прогнозата на ММФ кои кажаа дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу 10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се 5,6%.

Инфлацијата во Македонија моментално е за 50% повисока од таа во Еврозоната, тоа е јасен показател, дека истата не е увезена, туку последица на неспособноста на Ковачевски.

Нема лош резултат во кој Македонија со Ковачевски не е прва, додаваат од партијата.