👁️  19

Македонската фудбалска репрезентација до 21.година, доцна попладнево го одработи официјалниот тренинг на Арената во Кишињев, каде утре од 17 часот ќе ги одмериме силите против домашната селекција на Молдавија.

За избраниците на селекторот Драган Канатларовски, ова ќе биде трет натпревар во квалификациите во групата-Ц. Досега имаме една победа и тоа над Шведска на гости и пораз дома од Холандија.

Време е значи за втор триумф во овие квалификации.