Жена од Велес пријавила во полиција дека нејзиното поранешно момче ја нападнало, соопшти МВР.

„На 05.09.2022 во Полициското одделение Петровец, 35-годишна жена од Велес пријавила дека околу 03.00 часот во соба од хотел во с.Петровец, скопско, била физички нападната од нејзиното поранешно момче Б.П.(30)“, велат од МВР.