👁️  950

Млада скопјанка починала во стан во скопската населба Мичурин. Се чека обдукцијата, за да се открие причината за смртта.

Како што соопшти МВР, вчера околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улицата „Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.