Млад полицаец се повредил при ракување со пиштол

На  02.08.2025 во 12:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека полицискиот службеник Д.Д.(22) од Виница, кој бил сместен во апартман во охридска населба и не бил работно ангажиран, се повредил при ракување со службено оружје-пиштол.

Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде била констатирана прострелна рана во левата рака.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.