👁️  5

„Првичната моја лична цел беше анкетната комисија да не биде со затворени очи доколку тоа го правеле други институции, така да ги побаравме сите официјални документи и акти кои се поврзани со скандалот од Универзитетската клиника за радиотерапија и Онкологија, Министерството за здравство, ФЗОМ, Малмед, ДСЗИ итн“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во гостување во Дневникот на МРТ во „Тема на денот“.

Таа додаде дека доколку дефектурата била наредба за да се прави магла во функционирањето на здравствениот систем, да се блокира всушност извршувањето на законот тогаш не може да се каже дека ни имало недостатоци реални на медикаменти, туку дека имало малверзации во рамки на клиниката.

„Самиот здравствен систем има свој закони, функционира по закони и доколку истите биле имплементирани би имало еден грст на контролни механизми кои не би допуштиле и до ден денеска да се знае за колкав број на пациенти се работи, колкав број на медикаменти, која е цената, јачината или количината на медикаменти кои се потребни. Доколку имате здравствена политика во рамки на одредена Влада односно Министерство за здравство, да ги укинете сите контролни механизми тогаш вие тенденциозно создавате хаос кој беше разгледан и на самата Анкетна комисија, се зборуваше за хаосот од укинувањето на „КАТО“ системот, електронската евиденција во Министерството за здравство, немањето протоколи до одлуки на управен одбор кој биле нонсенс со буџетот на клиниката што располага клиниката па дури и до степен каде министерството доставува наредба за одредена листа на медикаменти без истата да биде производ на реалните потреби на пациентите преку стручниот колегиум“, изјави Мизрахи.

Таа посочи дека ако била пропишана патеката на движење на пациентите тогаш ќе имало точен увид за колку пациенти би изнесувала услугата за секој еден пациент да добие своја терапија.

„Овој случај го нарекувам и политички карцином на здравствениот систем поради тоа што само политички карцином можел да доведе до ваква ситуација нарачан тенденциозен од Владата кон сите структури на здравствениот систем кој ја имале контролата на функционирање“, кажа Мизрахи.

Таа заклучи дека во Македонија премногу често се зборува за реформи и нови законски решенија, но оваа држава од почетокот на своето постоење од 1991 година донела над 7 илјади законски решенија и закони за здравство има во оваа држава, но проблемот е што се дозволило да се прекршуваат законите да се оди преку нив или околу нив.