👁️  180

„Првиот дел од прашањето е дали Вие нешто знаевте за случувањата на Онкологија? Иако да сте имале ингеренции доколку министерот тоа го дозволува. Дали Вие низ окуларите на министерството чувте нешто за пациентите, за биолошката терапија, за што се случува во Онкологија“, го праша пратеничката Рашела Мизрахи поранешниот заменик министер Владимир Рендевски на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

„Вториот дел од прашањето или второто прашање ако сакате за мене е многу побитно, во оваа држава постои Закон за Влада, органи на Управа, па Закон за здравствена заштита, Закон за здравствено осигурување, без разлика какво е нашето мислење за истите, сите укажуваат на фактот дека министерот за здравство е должен да знае за се што се случува и тоа дали преку свој тим или не, меѓутоа тој како лик е должен да знае што се случува во здравствениот систем во државата пропишано преку законски одредби. Со што ќе ги користи контролните механизми на министерството за здравство, на Државниот здравствен санитарен инспекторат, на ФЗОМ, на МАЛМЕД. Ако земеме во предвид дека негирање на долгот и аферите врзани со Онкологија започнале уште масовно од 2019-та година, а кулминирале со еден Извештај од 2021, иако е дискутабилно дали запреле и тогаш, како е можно сите контролни механизми да потфрлат. И да функционира на начин на кој што функционира без раководители, со дистрибуција на медикаменти за кои што не знаеме каде завршуваат, со завршни листи на медикаменти за кои што не знаеме за влез и излез, се во тотален хаос без стручен колегиум“, рече пратеничката.

Мизрахи додаде дека министерството за здравство има направено 5 рамковни договори за набавка на медикаменти. И тоа со листа на медикаменти кои што е дискутабилна.

„Единствен логичен заклучок за мене е дека министерот за здравство знаел и го уредил ова на начин на кој што сите контролни механизми ќе ги затворат очите и Онкологија ќе прави тоа што треба да направи, под насока одозгора. А, не под насока на пациенти“, нагласи Мизрахи.