👁️  166

„Јас ќе бидам задоволна со вистината, и единствено само со вистината и тоа целата вистина. Политичката одговорност е објективна сама по себе и можете да ја барате од актуелни политичари, значи оние моментално кои што се дел од раководството, полтичките фигури во различни министерства, па и Владата во целост“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Мизрахи додаде дека според членот 76 од Уставот вели дека наодите од Анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на сносителите на јавните функции. Таа одговорност може да биде кривична, граѓанска, итн.

„Целта е да ја пронајдеме целата вистина“, нагласи Мизрахи.

„Наодите од Анкетната комисија се предаваат како заклучоци на Пленумот односно до претседателот на Собранието. И Собранието понатаму ги процесуира“, рече таа.

Таа посочи дека Анкетната комисија ја има моќта да се поканат сите оние кои што се смета дека се релевантни за да се создаде форматот вистината. Исто така важно е да се видат и сите документи, целокупната документација од сите институции.

„Актуелниот министер за внатрешни работи е министер од 2017-тата година. Во случајот „Онкологија затаила оперативно истражувачката компонента, откривачката компонента на МВР. МВР не треба да реагира само реактивно, таа треба и проактивно да реагира. Знначи треба да има и истражувачка дејност. Ако од 2017-та година медиумите реагирале, јавноста реагирала, пациентите реагирале, како можело МВР да започне со некаква активност во септември 2023-та година“, запраша Мизрахи.

Таа укажа дека според членот 10 од Уставот – „Животот на човекот е неприкосновен во Република Македонија“. Во Македонија не може да се изрече смртна казна, а што е недавање на лекарства, нели и тоа е еднакво на смртна казна.