👁️  12

Целта на власта е да се покрие криминалот и корупцијата кои што владеат буквално во секоја сфера на нашето општествено живеење затоа што ценат дека со поминување на еден бугарски диктат и со промена на Уставот тие ќе се заштитат од понатамошна одговорност која што неминовно за неколку месеци од денес ќе ја имаат, вака членот на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева го коментираше инсистирањето на власта по секоја цена да се донесат уставните измени.

„Токму затоа се спремни на вакви валкани договори помеѓу оската ДУИ-СДСМ и поранешни функционери од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а за жал и господнот Груевски, коишто се ставаат на располагање сѐ со цел да се обезбедат оние пратеници коишто на нив би им ја завршиле работата која што ја ветуваат во јавноста“, додаде Митева.

Митева исто така истакна дека после 18-ти август кога сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, паднаа во вода сите тези на власта со кои ја лажеа јавноста дека имаат обезбедено поддршка за промена на Уставот па затоа сега се подготвени на сѐ и не избираат средства, но таквите постапки резултираат со уште поголема желба кај ВМРО-ДПМНЕ да опстои на ставот кој што е и став на 80% на граѓаните.

„Ако направиме една мала ретроспектива и на нивните тези ќе се потсетиме дека пред не така далечно време велеа дека имаат пратеници дека имаат луѓе коишто ќе се согласат на гласање и промена на Уставот, меѓутоа по 18-ти август состојбата стана јасна и на нив, но најважно и на народот. Така да сега се спремни да направат сѐ само за да дојдат до тоа, но таквата нивна постапка кај нас вродува уште посилна желба да истраеме на ставот којшто цениме и ние, но и она што 80% од граѓаните на Македонија се против промена на Уставот под бугарски диктат“, потенцираше Митева и додаде:

„Било кои чекори се спремни да ги преземат ќе им се вратат како бумеранг од причина што она што нас ни ја дава силата, она од каде што ВМРО-ДПМНЕ ја црпи силата е народот. Посилно нешто од народот не постои. Така што без разлика на нивните обиди, без разлика на границите кои што се спремни да ги поминат во притисоците и во начините на коишто сакаат да ги преземат, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од она што го има како став и тоа го покажа во минатото“.