👁️  425

Трагично згасна животот на двегодишно девојче во грчкиот град Патра, трет по големина град кај нашиот јужен сосед и главен град на периферијата Западна Грција и округот Ахаја.

Причината за смртта на малото дете не е позната и поради оваа причина ќе биде извршена обдукција.

Информациите на грчките медиуми велат дека двегодишното девојче било интубирано во детската болница „Караманданио“ во Патрас, откако се онесвестило. Веднаш било префрлен во Детската Универзитетската болница во округот Ахаја, каде до понеделникот (05.09.2022) докторите се бореле за нејзиниот живот, кога девојчето починало.

Причините за смртта на малото дете според грчките медиуми се нејасни и побарана е обдукција за да се утврди што точно го одзело животот на двегодишното девојче, на кое му бил дијагностициран коронавирус.

Сепак, истите извори известуваат дека девојчето не покажало знаци на пневмонија или респираторна инсуфициенција, односно симптоми поврзани со Ковид-19.

Треба да се напомене дека несреќното дете во четвртокот на 1-ви септември за прв пат било пренесено во болница, а во понеделникот на 5-ти септември починало.