👁️  5

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја продолжува посетата на САД, во рамки на Програмата за меѓународни лидери IVLP, организирана од американската влада.

-На покана на Амбасадата на САД во Македонија имав можност да имам различни средби во Tucson, Arizona, со повеќе научни институции, медиумски работници, политичари, но и со полициските сили на градот Tucson. Се сретнавме со професорот по политички науки Thomas J. Volgy од Универзитетот на Аризона и поранешен градоначалник на Tucson, каде што разговаравме за надворешната политика на САД и соработката со Европа, но и за предизвиците на внатрешен план со посебен фокус на соседите, објави Мисајловски.

Посочи дека се сретнале и со полициските сили на Tucson каде што можеле да слушнат за сите предизвици на границата со Мексико, но и за имиграцијата, спречување на криминалот и начинот на соработка меѓу сите институции за подобра гранична контрола и безбедност во целиот регион.

-Продолжуваме со одличната агенда каде што имаме можност да разговараме на повеќе различни теми, да стекнеме знаења за системот на организација на САД, но најважно да оствариме нови контакти и пријателства, истакнува Мисајловски.