👁️  5

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски овие денови е во работна посета на Америка.

Таму тој денеска се сретна со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона.

По тој повод тој објави и свој статус на Фејсбук:

„Имав одлична можност да се сретнам со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона.

Разговаравме за целите на Комитетот за зголемување на меѓународното присуство и статус на Аризона, како и градење односи со меѓународните партнери, зајакнување на трговијата, странските инвестиции и зајакнување на граничната безбедност.

Исто така имавме средба и со професорот Рет Ларсон од Државниот универзитет во Аризона.

Професорот Ларсон го сподели своето истражување и експертиза за состојбата на водата во Аризона, како и за прекуграничните односи на Аризона со државите на реката Колорадо и Мексико но и за климатските промени како глобална тема.

Професорот Ларсон, исто така, сподели информации за политиката за вода во Аризона и чекорите што државата треба да ги превземе за да продолжи да го зачува својот најскапоцен ресурс“, стои во неговиот пост на Фејсбук.