👁️  138

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ги посети вработените и службите во Министерство за одбрана.

-Вработените лица даваат огромен придонес одбраната да биде согласно највисоките НАТО стандарди, за што како Министер им изразувам огромна благодарност.

Истовремено им посакав успешна работа во периодот што претстои и им порачав дека ќе работам секојдневно и посветено заедно со нив, затоа што верувам дека само со одлична заедничка соработка можеме да бидеме успешни во реализација на сите работни процеси во Министерството и Армијата!, потенцира Мисајловски.