👁️  33

По средбата, својот став го изнесе нашиот главен напаѓач Бојан Миовски.

„Секогаш кога ќе се даде рано гол со ваков противник е одлично. Натпреварот се отвори во петтата минута. Потоа сè беше рутински, заминавме со 2-0 на полувреме. Останавме со ист пристап до крајот на натпреварот, знаејќи дека резултатот е опасен. Имавме неколку шанси во финишот и за трет гол, ама во глобала сме задоволни со резултатот и трите бода. Секогаш е тешко да се игра со кратка пауза. Имаме исто бодови со Украина и Италија.

Ако сакаме да одиме на едно ЕП мора да се победат големи репрезентации. Тоа треба да го докажеме, така заслужено би се нашле на турнирот“, изјави фудбалерот на Абердин..