👁️  12

ВМРО-ДПМНЕ не била пообединета како што е денес, затоа што и раководството и претседателот и пратеничката група се на една иста позиција, а главната тема е да се издржи и да се опстои на позицијата против менувањето на уставот под бугарски диктат, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за Тема на денот во дневникот на Сител.

Милошоски потенцираше дека сите работи кои странично се развиваат вклучително и преписката со Груевски се дел од тоа да се обзнани тоа што се дознава кои актери на политичката сцена во Македонија или надвор се обидуваат да удрат на ВМРО-ДПМНЕ, а направат фрагментација се со цел да се овозможат уставни измени

– Сакаме да порачаме дека тоа нема да се случи без разлика кого ќе вклучат во оваа игра, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека целта на СДС, ДУИ и оние нивни високи функционери кои имале во изминативе 8 месеци директна или индиректна комуникација со Груевски била двојна.

– Прво да се овозможи измена на Кривичниот законик со европско знаменце за да се олеснат одредени предмети каде што тој е засегнат, и второ за возврат тој да им овозможи внатре во ВМРО-ДПМНЕ а направи одредена фрагментација, а со тоа и да привлече да убеди пратеници да му помогнат на СДС и ДУИ за уставни измени. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски одлучија да стават крај на оваа неколку месечна соработка на релација Ковачевски, Ахмети Будимпешта, рече тој.

Милошоски нагласи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се победи оваа власт и да се издржи на ставот против уставни измени под бугарски диктат.

Во однос на тоа што претседателот Мицкоски го соопшти, Милошоски изјави дека е врз основа на сериозно сознанија и документи кои ги имале СДС, ДУИ и Груевски.

– Да се фокусираме на тоа да ја поразиме власта и да кажеме дека и со Груевски и без него уставните измени нема да поминат, изјави Милошоски.