Пеце Милевски, диретор на ЈКП Водовод Битола ја демантира советничката на СДСМ Жаклина Наумовска и приложи документ во кој ја демантира Наумовска.
Почитувани, во име на вистината, а поради изнесени лаги деновиве во повеќе наврати се обидува да се манипулира и дефокусира јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваме сите.
Имено на вчерашната прес – конференција на Жаклина Наумовска беа изнесени лаги и клевети за некаква сообраќајка и некаква фактура.
За волја на вистината тоа што е направено е според предлог записник од сервисот бр. 103258671 од 08.11.2021 година кој го оддржувал возилото од времето на нејзиниот сопартиец и претходен директор (доказ во прилог, фотографија).
Тој кој ги оштетил и требало да ги изврши замените на оштетените делови и “пластики на подвозје” не ги направил, туку се направени подоцна според насоките на овластен сервис, а со цел заштита на возилото и безбедно управување.
Барам од советничката Наумовска, јавно да се извини, во спротивно ќе мора да одговара според законските прописи за изнесените лаги и клевети, стои во соопштението на Милевски.









